• Мартин Танасковски

Петар Атанасијевиќ не го криеше задоволството од победата на Македонија на натпреварот против Катар (39-34) на Светското првенство.
Играчот на Еурофарм Пелистер им честита на сите за победата, а за следниот натпревар со Франција кажа дека ќе биде вистински меч за уживање со супер-ѕвездите кои некогаш сите ги гледале на ТВ.
„Бевме многу мотивирани да дојдеме до победата. Нормално, ова е групна фаза, сакаме да победуваме, да одиме понатаму. Сите го дадовме максимумот, од прв до последен и победата е заслужена.
Сега ни следи Франција, ние пак ќе играме мотивирано како и на секој дуел. Игравме против една од најдобите екипи во светот, ние ќе го дадеме нашето, па што биде нека биде. Мотив плус е да се игра против ѕвезди кои некогаш си ги гледал на телевизија“, изјави Атанасијевиќ.
Македонија досега одигра две нерешени средби на СП 2025 против Унгарија и Австрија, а ги победи Катар и Гвинеја. Натпреварот со Франција е на 25 јануари од 20:30 часот.