• Горан Упале
Павле Атанасијевиќ го одигра еден од најефикасните натпревари во својата репрезентативна кариера. Поради повредите на неговиот брат и Џонов, тој во второто полувреме мораше да ја покрива левата крилна позиција, и се покажа во одлично светло, постигнувајќи два гола во клучните моменти.
„Имавме осцилации цел меч, така што се вративме од минус пет, верувавме дека можеме во тоа и да го добиеме мечот. Тоа е. Немавме можеби среќа на крајот за победа. Бод е бод, така што одиме понатаму. Бодот ни значи многу за нас, затоа што дојдовме од минус пет до нерешено. Имавме скоро и напад за победа, така што многу значи. За другото, ќе видиме деновиве“, рече бекот на Еурофарм Пелистер.
Атанасијевиќ дуелот со Португалија го заврши со четири гола, од кои три беа во второто полувреме.





