• Горан Упале
Павле Атанасијевиќ во отсуство на капитенот Филип Кузмановски, беше еден од носителите на играта на Еурофарм Пелистер на меѓународниот турнир „Крста Андоновски“, на кој македонскиот шампион заврши на второто место.
Младиот бек, кој пред неколку дена ја продолжи верноста кон битолскиот клуб, спортски го призна поразот во финалето од Охрид, но истакна дека нивна примарна цел на овој турнир била воигрување на екипата.
„Игравме силен турнир со силни екипи. Играме четири натпревари по ред секојдневно, влеговме со целосна мотивација, но целта ни беше да се воиграме. Сепак, честитки за Охрид за победата, можеви беа малку подобри. Ние го дадовме тоа што го можевме, имавме и свои грешки и треба да се подобриме“, рече Атанасијевиќ.
Пелистерци шанса за прв трофеј во новата сезона ќе имаат на почетокот на септември, кога ќе го одиграат натпреварот од Суперкупот на Македонија против Вардар.



