Асистентите на Алушовски ќе го водат Еурофарм против Бидасоа Ирун

Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник нема да именува тренер во текот на оваа недела, туку ќе му даде доверба на првиот асистент на Стевче Алушовски, Божидар Мојсов на последниот натпревар од групата Ц на Лигата на шампионите против Бидасоа Ирун

Алушовски спогодбено го раскина договорот во неделата попладне по двата порази на гостувањата против Кокс и Металопластика. Мојсов и Соколески, кои соработуваа со Алушовски, ќе добијат доверба за дуелите со Бидасоа и ППД Загреб, а потоа клубот ќе се произнесе пред натпреварите со Веспрем и Спартак Москва, со кои Еурофарм Работник ќе ја спушти завесата на есенскиот дел од сезоната.

Многу познати тренерски имиња од цел Балкан се спомнуваат за испразнетото место на клупата на Еурофарм Работник, но клупската управа не брза со перманентно решение.

Од своето постоење Еурофарм Работник го водеа Марковски и Зарков, Бошковски, Темелковски, Чирковиќ и Алушовски.

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 10 6 3 1 297:246 51 15
2 СпортингСпортинг 1 10 6 2 2 309:266 43 14
3 СавехофСавехоф 1 10 6 0 4 268:278 -10 12
4 Татран ПрешовТатран Прешов 1 10 3 1 6 260:279 -19 7
5 КоксКокс 1 10 3 0 7 239:290 -51 6
6 Еурофарм ПелистерЕурофарм Пелистер 10 3 0 7 265:279 -14 6