„Арпад Велики“ доби место меѓу најдобрите одбрани на колото во ЛШ!

Голманот на Вардар, Арпад Штербик, доби место меѓу најдобрите одбрани на 10. коло во ракометната Лига на шампиони.

Вардар како домаќин го декласира Кристијанштад, а до победата тимот го водеше Штербик, со импресивни 17 одбрани. Една од нив се најде меѓу најдобрите и го зазема четвртото место на листата на ЕХФ. 

И покрај одличната партија, ЕХФ не го смести Штербик во идеалниот тим. Најдобрата одбрана и воедно местото за најдобар голман ја има Андреас Волф од Флензбург. Најдобрите пет одбрани погледнете ги ТУКА.