• Иван Димовски
Ракометната федерација на Македонија ги изврши и последните подготовки за Светското јуниорски првенство во женска конкуренција кое од 19 до 30 јуни ќе се одржи во Скопје.
24. Мундијал за девојки до 20 години или втор на кој учествуваат 32 репрезентации од среда ќе се игра во главниот град на Македонија. Двете Арени домаќини се потполно подготвени, а РФМ сподели фотографии од СЦ „Јане Сандански“ и СЦ „Борис Трајковски.
Во двете најголеми македонски сали од среда ќе се одиграат вкупно 116 натпревари на ова Светско јуниорско првенство.
Македонија ќе се натпреварува во групата Х, каде што за ривали ги има Исланд, Ангола и САД. Првиот меч на нашите девојки е закажан за в среда од 20:15 часот, потоа в петок од 18:00 се игра дуелот со Исланд, а последниот меч од групите е закажан за недела во 20:15 против Ангола.
Сите свои натпревари Македонија ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“.