Анжела Платон го презеде тренерското столче на ЖРК Вардар

Поранешниот европски вицешампион ЖРК Вардар објави дека во втората полусезона од Суперлигата влегува со нов предводник. 

Прв тренер на сениорките ќе биде Анжела Платон, поранешната репрезентативка и ракометарка на ѕвездената генерација на Кометал Ѓорче Петров. Платон долги години работи во Вардар, беше дел од младинските екипи, а оваа сезона работеше како помошник на Александар Царчев.

Сега, дојде време Платон да го преземе водството на вардарки и да ги поведе во пролетната полусезона. Што се однесува до Царчев, од клубот известија дека тој ќе остане да работи како тренер на голманките во четири категории: пионерска, кадетска, младинска и сениорска конкуренција.