Неочекуван потег: Анти и Спортинг ја раскинаа соработката

Иако зад себе остави успешна сезона, пред сè во Лигата на шампионите, францускиот стратег Тјери Анти порано од предвиденото ги напушти редовите на Спортинг Лисабон. 

61-годишниот стратег пред извесен период најави дека по својата авантура во Португалија во сезоната 2021/22 се враќа во татковината и ќе го презема кормилото на Екс Прованс, но никој не очекуваше дека по завршувањето на оваа ќе се раздели со тимот од Лисабон, кој беше еден од противниците на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите. 

„Ми беше задоволство да ги тренирам овие момци. Исто така, сакам да испратам благодарност до навивачите, кои беа фантастични цела сезона. Сега сум спортингиста и сакам повторно да се вратам тука“, посочи Анти.

Анти во Франција е многу ценет стручњак, претседател е на здружението на тренери и со неговото доведување Екс Провенс ќе се обиде да го нападне врвот на табелата.