Анти: Еурофарм е многу физичка екипа, ни создаде проблеми на првиот натпревар

Споритнг игра многу променливо во португалското првенство, а и во Лигата на шампионите не смее да си дозволи кикс, доколку сака да ја добие битката со Савехоф за второто место во групата Ц. Дуелот со Еурофарм Работник е значаен за екипата на Тјери Анти, па затоа францускиот стручњак ја смирува еуфоријата на јавноста, која смета дека бодовите однапред се впишани.

Имено, медиумите во Лисабон како поважни ги потенцираат натпреварите со Татран Прешов и Порто, па затоа поранешниот тренер на Нант ги негира ваквите тези.

„Во мислите ни е само Еурофарм Работник, а следната недела ќе мислиме на Татран Прешов и на Порто. Бодовите ни се потребни за да завршиме на едно од првите две места, а ни треба и поддршка од гледачите. Еурофарм Работник е многу физичка екипа и ни создаде проблеми на првиот натпревар. Иако победивме во Битола, натпреварот беше многу изедначен. 

Спортинг има скоро перфектна статистика со македонските екипи, откако во претходните четири години ги совлада и Металург, и Пелистер и Еурофарм Работник.

Вечерашниот дуел од седмото коло на групата Ц на Лигата на шампионите се игра со почетокот од 19:30 часот во „Жоао Роча“ во Лисабон.  

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 8 6 2 0 242:189 53 14
2 СпортингСпортинг 1 8 5 1 2 250:214 36 11
3 СавехофСавехоф 1 8 5 0 3 218:222 -4 10
4 Татран ПрешовТатран Прешов 8 2 1 5 201:230 -29 5
5 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 1 8 2 0 6 219:233 -14 4
6 КоксКокс 1 8 2 0 6 197:239 -42 4