Антевска и Павлова остануваат верни на ЖРК Куманово

Суперлигашот ЖРК Куманово продолжи да гради ростер за следната сезона и потпиша нови договори со уште две ракометарки.

Дресот на кумановскиот суперлигаш и во новата сезона ќе го носат Никита Антевска и Росана Павлова. Двете ракометарки потпишаа договори на уште една сезона и ќе бидат дел од тимот кој во новата сезона ќе има уште поголемо амбиции. 

ЖРК Куманово претходно потпиша нова соработка со уште неколку ракометарки, а тимот го засили и со две интернационалки. Ново име во клубот е Аманда Стеин од Бразил, 25-годишна ракометарка која настапува на десната бековска позиција, како и Маријана да Силва Азеведо од Португалија.