Ангола немаше енергија за подвиг, значајна победа за Словенките

Четвртиот ден на Светското првенство за ракометарки, кое се одржува во Скандинавија, започна со очекувани победи на европските репрезентациии. Словенија беше подобар од Ангола со 30-24, а Чешка ја надигра Аргентина со 31-22.

Ангола само во раната фаза на двете полувремиња им парираше на Словенките. Потоа балканската селекција заигра пооодговорно во нападот и цврсто во одбраната и на одмор замина со 14-11. Африканките, со агресивната одбрана, ги збунија Словенките и посткгнаа неколку лесни голови на почетокот на вториот дел. При 20-20 се вклучи „алармот“ кај словенечката клупа и со индивидуален квалитет фаворитот лесно дојде до победа.

Најефикасни во словенечкиот табор беа Аља Варагиќ со пет и Наташа Љепоја и Тјаша Станко со по четири погодоци , а кај Ангола одличен натпревар одиграа Вангимба Гулајо со шест и Мачадо и Азенаиде со по пет гола. 

Чешка демонстрираше многу подобра игра во одбрана од јужноамериканската селекција и лесно прокнижи бодови (31-22). Вероника Мала со осум и Маркета Јерабкова со седум гола беа доминантни во победничкиот тим. Кај Аргентина се истакнаа 

Попладнево и вечерва се играат уште шест натпревари од второто коло на групната фаза на Мундијалот.