Анѓеловски се разбрани, Вардар Јуниор до важни бодови со Радовиш

Екипата на Вардар Јуниор забележа важна победа во Суперлигата и на домашен терен славеше над Радовиш (29-26) со што го презеде петтото место на табелата.

Дуелот меѓу двата тима се реши во последните десет минути, кога Вардар Јуниор имаше порасположен голман. „Црвено-црните“ отворија подобро, потоа, Радовиш се врати, па направи пресврт, а откако Вардар изедначи, следеше драмата.

  • Комплетниот натпревар на Вардар Јуниор и Радовиш:

Резултатот на семафорот во СЦ „Јане Сандански“ беше 26-26, кога младиот чувар на мрежата Јоаким Анѓеловски имаше свое шоу. Тој фати три шута на радовишани, од кои едниот беше пенал и на својот тим му озвоможи напади за триумф.

Кај победниците најдобри беа Дејан Кукуловски со осум гола, Стефан Крстевски и Ален Ќосевски со по шест гола. За екипата на Радовиш, Илиев постигна осум гола.

За Вардар Јуниор ова беше петта победа во новата сезона, а Радовиш го почувствува петтиот пораз.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4