Анѓелковиќ: Ќе навивам за Вардар во Европа, немаме вакви мечеви во Франција

Екипата на Тулуз вторпат загуби од Вардар во Европската лига. Вториот пат беше во Скопје во последното коло, повторно во ефикасен меч кој понуди 72 гола (35-37). По мечот, тренерот Даниел Анѓелковиќ му честиташе на ривалот.

„Сакам да му честитам на победникот. Вардар одигра одлична групна фаза. Претставуваат дел од Европа од кој доаѓаме и ние, па навиваме за вас во продолжението. Дојдовме тука за да одиграме добар натпревар, да ја почувствуваме атмосферата во Скопје иако салата не беше полна. Научивме нешто и од тоа, бидејќи во Франција немаме многу шанси за да играме вакви натпревари. Што се однесува до дуелот, се боревме и водевме на полувреме, ама на крајот претрпевме пораз“, изјави Анѓелковиќ.

Свое обраќање имаше и Немања Илиќ кој долги години игра во дресот на францускиот клуб

„Честитки до Вардар за победата и пласманот. Во двете средби беа подобри од нас. Тие се поискусна екипа од нас и тоа пресуди. Натпреварот тука немаше резултатско значење, ама се обидовме да одиграме што е можно подобро. Се обидовме да држиме ритам и се боревме, ама на крајот загубивме“, изјави Илиќ.

Тулуз ја заврши групната фаза без освоен бод, што е разочарување за екипата. Во следната рунда покрај Вардар, оди и Кристијанштад од Шведска.