Ангеловски по девет години замина од Констанца, враќање во мак-ракометот најреална опција!

По неполна деценија минатата во Романија, Бранислав Ангеловски ја напушта функцијата спортски директор во Констанца. Битолчанецот, кој во последните две сезони ја извршуваше функцијата спортски директор, се прости од клубот на социјалните мрежи.

„После два многу тешки и напнати денови за мене се простувам од моето семејство во Констанца, од пријателите, играчите, навивачите...Тука оставам многу добри луѓе, девет години бевте дел од мојот живот. Животот е полн со изненадувања, а заради такви изненадувања, морам да ги сменам моите планови“, напиша Ангеловски. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Arrividerci Constanta, Good bye , Au revoir ... After two very hard and tiring days for me, I want to use this opportunity to say goodbye to my family in Constanta, to my friends, to my players, to my supporters.... to all of you!! Here I leave a lot of good people, who were an important part of my 9 years old life here... Life is full of surprises, and by one of those surprises, I have to change my plans... some choices in life are made by ourselves, but not all the time... See you in another opportunity!!! Posle dva mnogu teski i napnati denovi za mene, sakam da ja iskoristam ovaa prilika da se oprostam od svojata familija vo Constanta, od prijateli, igraci, navivaci.... od site! Tuka ostavam mnogu dobri lugje , 9 godini vie site bevte vazen del od mojot zivot Zivotot e poln so iznenaduvanja, , poradi takvi iznenaduvanja i jas moram da gi smenam moite planovi...nekoi odluki vo zivotot gi nosime samite, no ne site i ne sekogas ... Se gledame vo nekoja naredna prilika!!!

A post shared by Purin (@angelovski_branko) on

Многу веројатно Ангеловски ќе се врати во македонскиот ракомет и ќе го пренесе своето искуство од Романија, земјата и клубот во кој мина најдолго во својата кариера, па дури и подолго од матичниот Пелистер. 

Поранешниот македонски репрезентативец со Констанца ги освои сите трофеи во романскиот ракомет, играше за клубот и во Втората лига, го издигна клубот по враќањето и како спортски директор се избори за трофеј во Купот, враќање на Шундовски на клупата, влезе во групната фаза на ЕХФ Купот и има големи заслуги околу доведувањето на македонските репрезентативци Никола Митревски и Велко Маркоски. 

Еден дел од ракометарите на Констанца присуствуваа на неговиот проштален натпревар од ракометната игра во ноември минатата година во Битола.,