Ангеловски: Не е лесно да се игра во ваков ритам, честитки за момците и битолчани

Екипата на Еурофарм Пелистер со пораз ја спушти домашната завеса во Лигата на шампионите. Од Битола со бодови си замина и тимот на Алброг, кој воден од големата ѕвезда Микел Хансен, извојува победа од 28-33.

По натпреварот во салата „Боро Чурлевски“, впечатоците ги изнесе тренерот Бранислав Ангеловски, кој на прес-конференцијата изјави:

„Честитки за противникот за заслужената победа. Одигравме одличен натпревар. За да се победи тим како Алборг треба ние да дадеме 100% од нашите можности, а противникот да нема свој ден. Но, тоа не се случи и Алборг покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во оваа група. 

Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи, за нивната поддршка во текот на сите шеесет минути. Тие ни беа „ветер во грб“, кој ни е многу важен. Честитки и до моите момци за одличното издание.

Верувајте не е лесно да се игра во ритам среда-сабота и со патувања и со многу силни противници. Вечерва имавме и неколку промашени зицери и технички грешки, кои доколку игравме против послаба екипа немаше да се почувствуваат, но Алборг ги искористи сите наши грешки“.

Во последното коло Еурофарм Пелистер следната среда гостува кај Колштад во Норвешка