Ангеловски: Капитенот играше капитенски, оваа победа е за нашите навивачи

Новиот Еурофарм Пелистер со Бранислав Ангеловски на клупата ја запиша првата голема победа, Иако играше без повредениот Сери и без новајлиите Манасков и Пуоховски, шампионот во вториот дел го надигра Вардар 1971 и стигна дури и до убедлива победа од 27-21.

Ангеловски победата им ја посвети на фановите, а ги издвои Кузмановски и Тајник од остатокот на тимот.

„И во првото полувреме бевме агресивни, но голманите одбранија само една топка. Влеговме во серија без лесен гол. Во првиот дел имавме проблем со две измени одбрана-напад. Во вториот дел игравме без измена, влечевме контра и полуконтра, игравме побрзо и заслужено победивме.

Капитенот Кузмановски одигра капитенски, но морам да го пофалам и Тајник. Последната ротација со Радивојевиќ вроди со плод со уште два гола. Можеби имаше простор за поголема ротација, но натпреарот налагаше ваков тек. Среќен бев и со победа од еден разлика, но со нашите верни навивачи е полесно. Ним им ја посветувам оваа победа“, изјави за Gol.mk, Бранислав Ангеловски.

Ова е втора победа а пелистерци против најлутиот ривал оваа сезона, откако претходно Вардар запиша една првенствена победа и едно славје во Суперкупот на Македонија во Струмица.