• Мартин Танасковски
Двајцата македонски ракометари Бранислав Ангеловски и Никола Митревски добија признание од романска Констанца и се наоѓаат меѓу најдобрите играчи што го носеле дресот во историјата на овој клуб.
Битолчаните оставија трага во романскиот клуб, а поголема беше онаа на Ангеловски, кој прво играше од 2010 до 2015 за Костанца, а потоа до 2017 кога клубот го носеше името Доброгеа Суд. Тој беше дел од клубот и како спортски директор.
Митревски, пак, како чувар на мрежата беше дел од Доброгеа Суд во периодот од 2017 до 2019 година.
Меѓу најдобрите има простор уште и за Николиќ, Малиновиќ, Чиковани, Чутура, Драгичевиќ, Аџиќ, Црноглавац, Ракчевиќ, Шијан, Вујадиновиќ, Шуш, Кумет, Кевиќ и Вујовиќ.