• Горан Упале
Бранислав Ангеловски, тренерот на Еурофарм Пелистер, го најави дуелот од Суперкупот на Македонија против Алкалоид. Шампионот е фаворит во оваа пресметка, но младиот тим на Кирил Лазаров во ланското финале во Купот на Македонија покажа дека знае како треба да се одигра натпревар за трофеј.
Ангеловски вели дека противникот е добро анализиран и верува дека неговите момци ќе се покажат во најдобро светло.
„Се работи за еден натпревар, натпревар за трофеј. Играат екипи кои минатата сезона освоија по еден трофеј. Голем дел од работите ги знаеме, го знаеме противникот и мислам дека ќе се покажеме во најдобро светло“, рече Ангеловски.
Минатата сезона двете екипи одиграа вкупно три натпревари, во првенството две победи славеше Пелистер, а Алкалоид беше подобар во Куп-финалето.