• Горан Упале

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со комплетирањето на ростерот за новата сезона, откако раководството на клубот доведе уште едно засилување за тренерот Бранислав Ангеловски.
Нов член на битолскиот суперлигаш е Александар Стојков. Станува збор за ракометар кој може да ги покрива позициите десно крило и десен бек, а ќе биде на располагање на стручниот штаб во претстојниот шампионат.
Стојков зад себе има настапи за неколку македонски клубови. Во досегашната кариера ги бранеше боите на КЛ7, Алкалоид, Струга и Куманово, а сега ќе се обиде со своето искуство и квалитет да даде значаен придонес во редовите на вториот тим на Еурофарм Пелистер.
