Ангела Јанкуловска ќе ја продолжи кариерата во Чешка

Македонската ракометарка Ангела Јанкуловска по сезоната во која освои двојна круна со ЖРК Ѓорче Петров заминува за својот прв интернационален предизвик. 

21-годишната битолчанка кариерата ќе ја продолжи во редовите на Славија Прага од Чешка. Тамошниот суперлигаш ја засили надворешната линија со Јанкуловска, а откако минатата сезона финишира на четвртото место во првенството, ќе игра во Европскиот куп на ЕХФ. 

Инаку, Јанкуловска освен во редовите на Ѓорче Петров во кариерата настапуваше уште за Куманово и Пелистер. Иако е младата, Јанкуловска дури четири пати беше шампион на Македонија со Ѓорче Петров и Куманово, а двапати се радуваше и на трофејот во Купот.