Андреев не раскинува со Вардар, но ќе игра на позајмица во друг клуб!

Кружниот напаѓач Павел Андреев требаше да биде ново засилување на Вардар 1961 за следната сезона, но откако македонскиот тим остана без Лигата на шампионите поради санкции од ЕХФ поради наводни стари долгови, дојде до промена на планот.

Сите нови засилувања според досегашните најави си одат и ќе имаат нови клубови. Андреев нема да го раскине договорот со Вардар, туку оди на позајмица во Мешков Брест каде ќе ја мине следната сезона.

Информацијата ја потврди самиот ракометар, во изјава за „Брз центар“. Андреев најави дека ќе се врати во Вардар, ако тимот игра во ЛШ во сезоната 2023/24.

Андреев во Вардар требаше да биде замена за Жереми Тото. Рускиот репрезентативец игра во два правци и зад себе има големо искуство во тимот на Чеховски Медведи.