• Иван Димовски

Поранешната ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ се повреди на воведниот дуел за Србија на Европското првенство, а нејзините колешки успеаа да го шокираат фаворитот Холандија.
Сепак, „данок“ на победата беше лошиот пад на Лекиќ и повредата на тетивата, поради која на носилки беше изнесена од теренот. Ракометарката веднаш беше оперирана, а по успешниот зафат упати порака преку својот Инстаграм профил:
„Големо благодарам на поддршката, убавите желби и мотивацијата која ми ја пружате. Операцијата е успешно завршена благодарение на добрите лекари. Се гледаме следната сезона“, напиша Србинката.
33-годишната Лекиќ и претходно имаше тешка повреда, но заздраве и подоцна ја врати одличната форма со игрите за скопски Вардар. Иако „црвено-црните“ девојки беа близу до освојување на Лигата на шампионките, губеа две финалиња од Ѓер на драматичен начин.