Андреа, добредојде во „клубот 1.000“: Лекиќ ја проби магичната граница во ЛШ!

Српската ветеранка и поранешна капитенка на Вардар, Андреа Лекиќ, успеа да ја пробие магичната граница од 1.000 погодоци во ракометната Лига на шампионки. 

Во убедливиот триумф на нејзиниот ФТЦ Ференцварош на гости кај Заглебје во Полска, Лекиќ успеа да ја надмине четирицифрената граница. Овој момент не мина незапазен, па таа доби овации од верните навивачи на клубот од Унгарија кој допатуваа на ова гостување. 

Инаку, Лекиќ стана само четврта ракометарка која има повеќе од 1.000 погодоци во елитното натпреварување. Претходно тоа им успеа на Анита Гербиц, Кристина Неагу и поранешната миленичка на навивачите на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ.

Ова за Србинката е нејзина 16-та сезона во Лигата на шампионите. Лекиќ дебито го имаше во сезоната 2007-2008 со Крим Меркатор, а потоа играше за Ѓер, Вардар, ЧСМ букурешт, Будуќност, пак за Крим и сега за ФТЦ.