• Иван Димовски
Ракометарите на Пролет ќе го дочекаат Прилеп во рамките на Суперлигата. Домаќинот во Скопје важи за фаворит, меѓутоа прилепчани докажаа дека сезонава работите се променија и ќе бидат незгоден ривал за сите.
Во пресрет на дуелот со Прилеп, своите очекувања ги изнесе капитенот на екипата Ласко Андоновски.
„Пред нас е меч што нема да биде нималку лесен, особено доколку не влеземе максимално сериозно бидејќи Прилеп е противник што мора да се респектира. Пролет одлично ја отвори сезоната со убедлив триумф над Вардар Неготино и тоа е рецептот што мораме да го повториме и денеска - да бидеме фокусирани и максимално ангажирани од првата до последната минута. Верувам дека квалитетот е на наша страна, доволно сме искусни за да го одбраниме домашниот терен, но тоа можеме да го сториме само со максимална посветеност во текот на сите шеесет минути“, изјави Андоновски.
Пресметката меѓу Пролет и Прилеп се игра во терминот од 18:00 часот.