Андоновски по само седум месеци се раздели со Раховец

Македонскиот ракометен стратег, Горан Андоновски, по само седум месеци се раздели со Раховец од Косово и многу веројатно својата тренерска кариера ќе ја продолжи во македонскиот шампионат. 

Искусниот стратег пред почетокот на сезоната се пресели во амбициозниот прволигаш од Косово, со кој бележеше одлични резултати во есенскиот дел како во домашниот шампионат, така и на меѓународна сцена. Сепак, денес двете страни спогодбено ја раскинаа соработката. 

„Му се благодариме на Андоновски за големиот придонес оваа сезона во историските резултати, особено во европските натпревари, и му посакуваме многу успех во кариерата“, стои во објавата на клубот. 

Андоновски во својата тренерска кариера на повеќе наврати го водеше Охрид, а една сезона беше и предводник на Тиквеш.