Андоновски: Одлично беше да се игра пред полни трибини, Охрид ги искористи нашите грешки

Ракометарите на Пролет го запишаа вториот пораз во новата сезона на Суперлигата, откако како гости во Охрид беа поразени со 29-28, во дуел кој го одбележа јубилејот (30 години) на навивачката група „Рибари“

Ласко Андоновски, капитенот на скопскиот тим спортски им го честиташе триумфот на ракометарите на Охрид. 

„И двете екипи одигравме добар натпревар, но Охрид беше за нијанса подобар противник. Ние не ги користевме шансите што ни се укажаа, грешевме кога имавме можност да се вратиме во мечот, а домаќините знаеја како да го искористат тоа и погодуваа кога беше најважно за нив. Одлично беше да се игра пред полни трибини, честитки до навивачите на Охрид за 30. роденден и благодарност за коректното навивање во текот на целиот натпревар“, изјави Андоновски за клупсската веб страница.

Следен предизвик за Тинекс Пролет е младиот тим на Металург 2, дуел на кој се очекува тимот од „Македонско Сонце“ да се врати на победнички патеки.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 15 13 2 0 515:374 141 41
2 Охрид 2013Охрид 2013 15 12 1 2 424:335 89 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 16 12 1 3 429:377 52 37
4 Пролет 62Пролет 62 16 11 2 3 510:412 98 35
5 РадовишРадовиш 15 7 1 7 432:441 -9 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 16 7 0 9 430:477 -47 21
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 15 5 2 8 391:396 -5 17
8 Металург 2Металург 2 16 2 1 13 437:525 -88 7
9 СтругаСтруга 15 1 1 13 347:457 -110 4
10 РаботничкиРаботнички 15 1 1 13 416:537 -121 4