Андоновски: Ќе недостига Охрид во плеј-офот, му давам предност на Еурофарм пред Металург

Поразите од Струга и Пелистер дефинитивно му ја затворија вратата на Охруд од плеј-офот и екипата која со години ја води Горан Андоновски нема да игра во Европа следната сезона.

Некогашниот репрезентативец смета дека плеј-офот губи со неучеството на „гладијаторите“, а мала предноста во битката за второто место, му дава на Еурофарм Работник пред Металург.

„Вардар повторно е најсилната екипа и тоа сите го знаеме. Второто место ќе го напаѓаат Еурофарм работник и Металург, а во моментот сметам дека битолчани имаат поквалитетна екипа, но тоа мора да го покаже на терен. За четвртото место мислам дека рамноправно ќе се борат Пелистер, Пролет и Бутел. Ни следи убав и рамноправен плеј-оф, но штета што ги нема охриѓани. Најмногу заради нашите навивачи „Рибари“, кои во саботата заедно со „Чкембарите“ направија  фантастична атмосфера, но и заради нашата екипа која беше многу блиску до едно од првите четири места на табелата“, рече за Gol.mk, Горан Андоновски.

Играњето во плеј-аутот за охриѓани можеби е формалност, но податокот дека ќе играат уште две езерски дерби средби буди ентузијазам кај љубителите на ракометот.