• Иван Димовски
Пролет во рамките на десеттото коло на Суперлигата гостува кај екипата на Радовиш.
Во пресрет на овој натпревар своите очекувања ги сподели капитенот на екипата Ласко Андоновски. Тој нагласи дека нема да биде лесно и не смее да се потцени ривалот, меѓутоа најави дека со фокусирана игра може да се дојде до победата.
„Изгледот на табелата не е најреална слика за квалитетот на противникот. Имаме играно бројни незгодни средби на овој терен, знаеме дека во Радовиш може да се победи само ако се даде 100% од себе, така ќе биде случај и денеска. Точно е дека квалитетот е на наша страна, но тоа мора да се покаже и на теренот. Затоа, се ќе зависи од нас самите, ако одиграме како што знаеме ќе стигнеме до бодовите, но тоа во никој случај нема да биде лесно. Победата ни е неопходна за да фатиме приклучок во борбата за Топ 6, по серијата тешки средби што ги имавме ова ќе биде одлична можност за триумф и зголемување на самодовербата пред дуелот со Бутел кој ќе не очекува по репрезентативната пауза“, изјави капитенот на Пролет.
Натпреварот меѓу Радовиш и Пролет се игра во терминот од 18:00 часот.