Андон Бошковски официјално претставен како тренер на романскиот Роман

Денес женскиот клуб од Романиа, ЦСМ Роман го претстави Андон Бошковски како нов тренер на екипата. Нашиот стручњак ќе го наследи Флорентин Пера кој го водеше тимот во последните неколку сезони. 

ЦСМ Роман е амбициозна екипа која има за цел да се доближи до европскиот шампион ЦСМ Букурешт, кој е неприкосновен во женскиот ракомет во оваа земја. Бошковски веднаш ќе се вклопи во романската лига заради познавањето на романскиот јазик. 

Тој го водеше Работнички, беше помошник тренер во Металург и Вардар и дел од стручниот штаб на македонската репрезентација во периодот на најголемиот успех, петтото место на ЕП во Србија во 2012 година.