Андерсон се прости од Барса: „Ова беа четири незаборавни години...“

Ласе

Данскиот ракометар Ласе Андерсон по четири сезони ќе си замине од Барселона. Кариерата на 26-годишникот ќе продолжи во германската Бундеслига, во екипата на Фуксе Берлин.

Пред разделбата, левиот бек со емотивно писмо се прости од клубот и навивачите.

„Ова е крај на неверојатни четири години во Барса. Како прво, би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе што го сочинуваат овој одличен клуб. И, исто така, се разбира, на сите Каталонци кои ме поддржуваа во ова време.

Благодарност до сите членови на техничкиот персонал за нивната работа и посветеност, така што тимот работи на високо ниво како што работи“, напиша Данецот.

Ракометниот пат за Андерсон започна во дански Рингстед, а потоа му овозможи да заигра во Колдинг, од каде доби повик да се пресели во Шпанија во 2016 година.

Со Барселона во овој период успеа да освои дури 16 титули.