Андерсон: Не смееме да заборавиме што направи Митревски

Никола Митревски повторно е во фокусот на вниманието кај португалската ракометна јавност, откако во клучните моменти од дербито со Спортинг со неколку фантастични интервенции му донесе значајна победа на својот Порто. 

По дербито на португалскиот ракомет, тренерот Магнус Андерсон не го криеше задоволството од карактерот на своите избраници, а посебно испрати пофалби за македонскиот чувар на мрежата.

„Искрено не очекував дека ќе одиграме толку лошо прво полувреме. Затоа сметам дека ова е многу важна победа за нас. Отворивме лошо и игравме во грч, но во второто полувреме бевме фантастични и ќе кажам дека сум горд на мојот тим. Игравме борбено и смирено иако имавме негатива, но никако не смееме да ги заборавиме одбраните на Митревски“, вели Андерсон.

Митревски натпреварот со Спортинг го заврши со десет интервенции, а беше и автор на еден комичен момент, кога со пета го погоди судијата во незгодно место.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Митревски со пета сакаше да спаси, но го погоди судијата во незгодно место!