Андерсон: Митревски е одличен голман со големо искуство, сигурен сум дека...

Она што повеќе од еден месец се шпекулираше, денес доби официјализација – Никола Митревски е нов член на португалскиот шампион Порто

<<< ПОВРЗАНО - ОФИЦИЈАЛНО: Никола Митревски нов член на португалскиот шампион Порто

Македонскиот репрезентативец по една сезона мината во Еурофарм Пелистер повторно ќе се натпреварува во португалскиот шампионат, од каде пристигнаа првите честитки за реализираниот трансфер. 

Тренерот на Порто, Магнус Андерсон, не го криеше задоволството што во следната сезона ќе може да работи со квалитетен и искусен голман каков што е Митревски.

„Никола Митревски е одличен голман, со големо искуство зад себе. Се надевам дека без многу проблеми ќе се прилагоди на нашата игра, пред сè со Квинтана.  Исто така, има искуство со настапи во португалскиот ракомет и затоа мислам дека е одлично решение за нас. Му посакувам многу среќа и добредојде во Порто“, вели Андерсон.

Митревски со Порто потпиша договор на две години и повторно ќе игра во Лигата на шампионите, каде оваа сезона настапуваше како член на битолскиот суперлигаш.

<<< ПОВРЗАНО - Митревски: Кога дојде понудата од Порто не размислував многу, среќен сум што...