Андерсон: Малку сум среќен, ама и малку разочаран по мечот со Вардар...

Магнус Андерсон и неговиот Порто успеаја да останат непоразени во Скопје со погодок во последната секунда (25-25). По дуелот, стратегот на „змејовите“ истакна дека е малку среќен за бодот, ама и малку разочаран затоа што неговиот тим не успеал претходно да ја осигура победата кога имаше разлика од два гола.

„Малку сум среќен затоа што дојдовме до бод во последната секунда, но и малку разочаран затоа што пропуштивме шанса да дојдеме до победа претходно кога ја имавме предноста. Имавме малку среќа во таа главна фаза од мечот, затоа што кога ќе дадеш гол во последната секунда, мора да се носиш со тоа. Ова беше еден тежок натпревар“, изјави стратегот на Порто.

Во име на португалскиот тим говореше и хрватскиот интернационалец Иван Слишковиќ.

„Горд сум како се боревме и како го одигравме овој натпревар. Само да продолжиме вака. На Вардар му посакувам се најдобро“, краток беше ракометарот.

Португалскиот првак покажа уште една допадлива средба, а за нив на програмата следниот натпревар е против Киелце на домашен терен.