• Мартин Танасковски

Женската ракометна лига во Македонија почна со победа на ЖРК Астибо во дуелот против ЖРК Скопје (30-28) кој се одигра во салата на ФФОСЗ во главниот град.
Ѕвезда на натпреварот беше Марија Анчева. Една од најдобрите и најефикасните ракометарки во лигата имаше своја симултанка и постигна повеќе од 50% од погодоците на штипјанки. Бекот заврши со вкупно 16 постигнати гола.
По неа кај ЖРК Астибо следеа Стефанија Павловска и Наталија Манева со по четири реализации, додека кај ЖРК Скопје кој е предводен од легендите Радуловиќ и Будимир најдобри беа Јана Петровска и Марија Стојановска со по пет гола.
Астибо со оваа победа им се приклучи на ЖРК Вардар и ЖРК Пелистер. Вардарки во првото коло го победија тимот на ЖРК Деспина (33-21), додека ЖРК Пелистер славеше убедливо над ЖРК Гевгелија (38-12).