• Саше Љолес
Управата на ЖРК Металург на својата фејсбук-страница ја сподели веста за трансферот на Анастасија Величковска, која од следната сезона ќе му се приклучи на тимот од Автокоманда.
Величковска е поранешна ракометарка на РК Вардар Илинден, а воедно е и репрезентативка на Македонија.
Од клубот ѝ посакаа добредојде и се надеваат дека со своите игри ќе придонесе за успешни резултати следната година.