Ана Вјакирева доаѓа во редовите на европскиот шампион

Ана

Една од најдобрите светски ракометарки, Ана Вјакирева, по шест години ќе ја промени играчката средина.

27-годишната Русинка заминува од Ростов-Дон. Таа е најново засилување на актуелниот освојувач на титулата во Лигата на шампионите, Виперс Кристиансанд.

Вјакирева добила неколку понуди од француски клубови. Но, на нив не одговорила, чекајќи го повикот од норвешкиот ракометен гигант.

Руската репрезентативка ја започна кариерата Звезда Звенигород, а пред Ростов-Дон, го носеше дресот на Астраханочка.