Ана Стојчевска прво засилување за ЖРК Пелистер во новата сезона

Иако женскиот шампионат на Македонија почнува во септември, клубовите се необично активни уште во летните месеци. Суперлигашите со плеј-оф амбиции се засилуваат со странски засилувања, а активен е и пазарот на домашни ракометарки.

Откако во мај и јуни остана без неколку клучни ракометарки, ЖРК Пелистер го доведе првото ново име за сезоната 2025/26. Нов среден ред во екипата на Борче Корлевски е Ана Стојчевска. Младиот среден бек доаѓа во Битола од Младост Ресен, каде се наметна во претходните неколку сезони.

Во следниот период битолскиот суперлигаш најави и најмалку две странски ракометарки за покомплетивен тим за следниот шампионат на Македонија.