• Мартин Танасковски

Екипата на Ѓорче Петров ЖРК почна да го гради тимот за следната сезона и потпиша договор со Ана Марија Коларовска.
23-годишната Коларовска игра на позицијата десен бек, а во Македонија се враќа од Хрватска каде минатата сезона настапуваше за екипата на Брод.
Коларовска во Суперлигата беше дел од тимовите на Спартак, Вардар и Ѓорче Петров, пред да се пресели во Металург Автокоманда, а настапите за Брод ѝ беа првите во странство.
Исто така клубот потпиша договор и со Аника Јовановиќ, репрезентативка на Црна Гора, која има 18 години и доаѓа од тимот на Будуќност, а настапува на позицијата десно крило.
