„Амбиенталните услови и судиите не беа како во Лисабон, невозможно беше да победиме“

Во четвртиот меѓусебен дуел во последните три години, Еурофарм Пелистер го најде лекор за Спортинг и му го нанесе првиот пораз. Во перфектно дефанзивно издание, посебно во вториот дел, момците на Бабиќ комплетни ја загушија играта на гостите од Лисабон и славеа убедливо со 31-25.

Тренерот на Спортинг, Рикардо Коста го призна поразот, за кој според него заслуги имаат и домашните фанови и судиите.

„Не сум задоволен од последните пет и првите пет минути од второто полувреме. Евидентно беше дека не беа истите амбиентални услови и судии како во Лисабон. Жалам што не победивме на првиот натпревар, тука беше невозможно да се дојде до бодови. Не би сакал да ги коментирам судиите и сакам да се осврнеме на она што ни следи. Имаме уште четири шанси да собереме бодови и да ја поминеме група“, рече Коста на прес-конференцијата. 

Спортинг загуби само од Ним и од Еурофарм Пелистер и падна на третото место во групата. Португалците имаат седум бода, еден помалку од второпласираните пелистерци и два од лидерот Ним.