Амбициозниот Ѓер потпиша уште една ѕвезда, доаѓа Хрватот Томислав Кушан

Ракометниот клуб од Ѓер ЕТО Универзитет со доведувањето на Дејан Бомбач покажа големи амбиции, но и со своите резултати во првата сезона во елитното натпреварување на Унгарија. Раководството на клубот не планира да застане тука, затоа што го договори потписот на повремениот хрватски репрезентативец на пивотменската позиција Томислав Кушан, кој следното лето ќе пристигне од францускиот Лимож.

„Во Ѓер се развива голем проект. Клубот се засили во унгарската лига, што го покажува уште оваа сезона. Многу сум возбуден што доаѓам во Унгарија, бидејќи никогаш досега не сум играл во унгарската лига.

Планирам да дадам сè од себе за да му помогнам на тимот да ги оствари своите цели“, изјави Томислав Кушан.

30-годишниот Кушан има значително меѓународно искуство. Играше во Натурхаус Ла Риоха, Вецлар, Лимож, а и добро познат на македонската ракометна јавност, бидејќи една и пол сезона го носеше дресот на Еурофарм Пелистер