Алушовски: Заедништвото ќе ни помогне да ги совладаме Мотор

Нималку не е лесно да се биде тренер на екипата во која теренот и натпреварите не се приоритет, туку егзистенцијата. Токму во таква клима Стевче Алушовски треба да го потготвува натпреварот против првакот на Украина, Мотор Запорожје.

Битолчанецот се осврна на натпреварот и се обиде да ја префрли топката во борбата за бодови. 

„Имаме проблеми со играчкиот кадар, но играме на домашен терен и ни следи прв натпревар пред домашна публика. Играчите се фокусирани, знаат дека сме во проблеми, но очекувам да го дадат максимумот.

Мотор Запорожје е сериозна екипа која доаѓа со амбиции во Скопје. Но, не смееме да заборавиме дека сме актуелен европски првак и играме на домашен терен. Верувам дека заедништвото ќе ни помогне да го дадеме најдоброто“, заврши Алушовски.

По поразот од Кил, вардарци се под императив да слават против Мотор, бидејќи до крајот на групната фаза им следат и натпреварите во Порто и на домашен терен против европскиот првак пред две години, Монпелје. 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4