Алушовски: Тешко е кога вака ќе се загуби меч, победи посреќниот!

Стевче Алушовски, стратегот на Вардар, даде коментар по поразот во Лигата на шампионите од Мешков Брест (24-22) во рамки на првата рунда. Македонската легенда истакна дека е тешко кога вака ќе се загуби натпревар и тврди дека победила посреќната екипа.

„Многу е тешко да се зборува кога вака ќе загубите натпревар. Мислам дека денес победи посреќната екипа. Морам да ѝ честитам на екипата на Мешков и на тренерот Алонсо. Мислам дека направивме неколку клучни грешки во последните минути. Не се среќни нашите навивачи, но јас морам да честитам за борбеноста на моите играчи. Мислам дека ни претстои многу работа и мора да гледаме брзо кон следниот меч“, изјави Алушовски.

Вардар следната недела го чека првиот домашен предизвик, а тоа ќе биде меч со норвешкиот првак Елверум, инаку енигма, затоа што досега двата тима немаат одиграно меѓусебна средба.