• Горан Упале
Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва за последен пат сезонава ќе истрчаат на својот паркет во Битола во Лигата на шампионите. Противник на „зелено-белите“ ќе биде силниот тим на ПСЖ, а новиот тренер Стевче Алушовски се реши францускиот тим да го нападне со проверени сили.
Во составот на Еурофарм Пелистер нема промени во однос на претходните натпревари. Младите Хаџиќ, Калајџиовски и Брестовац ќе бидат на трибините, а во тимот ќе биде зимското засилување Никола Граховац. На спротивната страна најголемата закана ќе бидат Стеинс, Шипржак, Омар, Пранди...
Натпреварот меѓу македонскиот и францускиот шампион започнува од 20:45 часот.








