Алушовски: Вардар нѐ потцени, се уплашивме од подвиг и можност да го казниме!

Стевче Алушовски ја оствари својата прва мисија по доаѓањето во Еурофарм Работник со победите против Металург и Пелистер и денес првпат ги одмери силите со скоро непобедливиот Вардар. Битолчани беа пред сензација, имаа и +8, но загубија со 28-30 со драма во последната минута.

По мечот кој за малку не донесе сензација битолскиот стручњак ни изјави:

„Морам да им честитам на моите ракометари и покрај поразот. Секоја друга екипа после предноста од првиот дел веројатно ќе влезеше поинаку во продолжението. Ние како да се уплашивме од шансата да ги победиме. Вардар влезе потценувачки, со пристап кој не е својствен за нив, но сепак се работи за светска екипа и честитки за нив за победата. Ние сме на прав пат, имаме скратен ростер, некои ракометари се уморни по репрезентативните натпревари и во овој момент не можевме повеќе од ова издание“.

Еурофарм Работник за време на викендот е домаќин на четвртфиналната група од Купот на Македонија, а најсериозен кандидат за место на завршниот турнир му е Охрид.

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 8 0 2 324:284 40 24
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 10 8 0 2 327:259 68 24
3 МеталургМеталург 10 6 0 4 307:303 4 18
4 ПелистерПелистер 10 3 0 7 285:306 -21 9
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 10 3 0 7 271:293 -22 9
6 Пролет 62Пролет 62 10 2 0 8 250:319 -69 6