Алушовски: Ракометарите исполнија 90% од барањата, многу бевме поквалитетни од Охрид

Полесно од предвиденото Еурофарм Работник го совлада Охрид и со едно од најкомплетните изданија го задоволи и тренерот Стевче Алушовски. По триумфот од 25-34 тренерот на лидерот на табелата ги пофали своите ракометари. 

„Во моментов ние сме далеку поквалитетна екипа од Охрид. Она што го работиме на тренинзите го остваруваме на натпреварите и навистина ме радува. Околу 90% од задачите играчите ги исполнија и се гледа напредок во играта. За Охрид како клуб имам само пофални зборови. Охрид се грижи за ракометот во Македонија и ќе бидам искрен местото му е во плеј-офот“, рече новиот тренер на Еурофарм.

Првпат сезонава во Охрид гостуваше Благојче Трајкоски, кој до минатата сезона го носеше дресот на охриѓани.

„Поминав незаборавни две и пол години во Охрид. Стекнав многу пријатели кои денес ги видов и разменав неколку реченици. Охрид и клубот секогаш ќе ми останат во добро сеќавање, но денес мораше да се борам за мојата екипа. Таква ние професијата мора да продолжиме понатаму“, смета прилепчанецот.

Еурофарм Работник веројатно непоразен ќе влезе во плеј-офот, бидејќи в сабота пред своите гледачи е голем фаворит против Вардар Јуниор. Само Пелистер извлече реми со „фармацевтите“ сезонава. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0