Алушовски: Остваривме три од четирите цели, честитки за цел Вардар

Стевче Алушовски го имаше последниот натпревар како прв тренер на Вардар. По победата над Металопластика, втора во низа во СЕХА-осминафиналето, стратегот истакна задоволство од сработеното и кажа дека три од четирите цели се остварени (двете домашни титули, осминафинале во ЛШ и борба за Ф4 во СЕХА).

„Последен натпревар, честитки за момците за играта и залагањето. Поради фактот дека е крај на сезоната повеќето играчи со главните се на одмор, или во нови средини секако дека е тешко, но задоволен сум од текот на целата сезона. Остваривме три од четирите цели. Честитки на момците за залагањето и за тоа што го направија за Вардар. Шанса добија оние кои не играат многу, но морав да ги вклучам поискусните за да спасуваме и да се враќаме од негатива“, изјави Алушовски по натпреварот.

Сега играчите заминуваат на одмор, а се враќаат на обврските следниот месец, кога на кормилото ќе биде новиот тренер Веселин Вујовиќ. Алушовски, пак, ќе има нова средина, многу веројатно тоа ќе биде странски клуб.