Алушовски: Одиме во Унгарија со притисок, но не и со бело знаме

Вардар загуби на дуелот со ПИК Сегед на домашен терен, но многу брзо ќе има шанса за реванш. Веќе утре ќе гостува во Унгарија во обид да го врати она што го загуби во Скопје.

Стевче Алушовски, предводникот на вардарци, најавува дека тимот ќе оди на победа, и покрај проблемите со играчкиот кадар.

„Следува ново соочување со ПИК Сегед. Анализиравме што треба да поправиме за овој натпревар, и во напад и во одбрана. Имаме мали проблеми со играчкиот кадар, Борко има повреда на коленото и речиси е отпишан за овој дуел. Меѓутоа, без секој се мора и се може. Ќе одиме на ова гостување без притисок, но не со бело знаме. Тие се фаворити, но ние не сме без шанси и ќе пробаме да се вратиме со позитивен резултат“, изјави тренерот на „црвено-црните“.

Македонскиот првак е во серија од четири порази, која се надева дека ќе заврши во Сегедин.