Алушовски: Нека Еурофарм биде вицепрвак, зад европскиот шампион!

Стевче Алушовски спортски му честита на Вардар за победата во меѓусебната пресметка со Еурофарм Работник и воедно испрати честитки за освоената титула во македонскиот шампионат. 

Стратегот на битолчани по дуелот во СЦ „Јане Сандански“ истакна дека Вардар е далеку пред сите кога се работи за квалитетот во Македонија и на учесникот на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите му посака добра игра на завршницата и нова европска круна, како онаа во 2017 година.

„Вардар е апсолутен фаворит во македонското првенство, иако ние на првиот меч во Битола ги изненадивме. Вардар е далеку пред сите, посебно во пристапот на натпреварите. Останува на нашата екипа, на нашето раководство, да го работиме нашиот проект и да не спиеме на уво што ќе се случува понатаму со нашите конкуренти. Сакаме да направиме една добра екипа, имаме луѓе што го сакаат овој спорт и знаат што и како треба. Сакаме да имаме тим, да бидеме барме блиску до Вардар. Сакам да им ја честитам титулата и му посакувам многу среќа на Ф4-турнирот во Келн. Се надевам дека ќе ја израдуваат нацијата и дека ние ќе ја имаме таа чест да бидеме вицешампиони, зад европскиот шампион. Уште еднаш честитки и многу среќа во ЛШ“, изјави Алушовски.

Еурофарм Работник го има в рака второто место во Суперлигата и в година ќе ја претставува Македонија во регионалната СЕХА-лига.

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 8 0 2 324:284 40 24
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 10 8 0 2 327:259 68 24
3 МеталургМеталург 10 6 0 4 307:303 4 18
4 ПелистерПелистер 10 3 0 7 285:306 -21 9
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 10 3 0 7 271:293 -22 9
6 Пролет 62Пролет 62 10 2 0 8 250:319 -69 6