Алушовски: Менувавме тактики, се обидовме и „7 на 6“, ама не успеавме...

Стевче Алушовски, стратегот на Вардар, даде коментар по финалето против Веспрем кое „црвено-црните“ го загубија и останаа без трофејот во регионалното натпреварување. Предводникот на тимот истакна дека Веспрем бил поквалитетен тим и му ја честита победата.

„Се обидовме да играме „7 на 6“ за побрзо да се вратиме назад во одбрана, бидејќи Веспрем има една одлична транзиција и кога ќе прими гол и кога ќе се одбрани. Се обидовме да ги изненадиме, но тоа не ни успеа. Потоа се вративме и игравме „6 на 6“, но во овој момент Веспрем е многу поквалитетен тим, има подолг и поквалитетен ростер. Им ја честитам победата, целосно е заслужена“, изјави Алушовски.

Вардар сега е фокусиран кон Лигата на шампионите, а потоа ќе следат новата СЕХА-сезона и домашните предизвици каде се бранат титулите.