Алушовски избра 21 ракометар, останатите младинци позајмени на Работнички

По две недели тренинг во Скопје, тренерот Стевче Алушовски одбра кои ракометари ќе останат да тренираат со првиот тим на Вардар 1961 сезонава. Алушовски реши со првиот тим да тренираат Мартин Карапалевски, Давид Гашоски и Давид Савревски. Другите ќе бидат отстапени во тимот на Работнички каде тренер ќе биде Стојан Петрушевски. Таму уште ќе играат: Стефан Атанасовски, Ален Ќосевски, Васил Гогов, Стефан Крстевски и Давид Савревски. Младиот Савревски ќе тренира со првиот тим на Вардар, а ќе настапува за Работнички.

Во сезоната 2020/2021 тимот на Вардар 1961 ќе го сочинуваат:

Голмани: 
Борко Ристовски
Робин Кантагрел
Марко Кизиќ

Кружни напаѓачи:
Стојанче Стоилов (капитен)
Глеб Калараш
Давид Гашоски
Патрик Валчак

Крила:
Димитар Димитриоски
Тимур Дибиров
Гоце Георгиевски
Иван Чупиќ

Бекови:
Мартин Карапалевски
Кристијан Дисингер
Филип Талески
Анте Гаџа
Томислав Јагуриновски
Марко Вујин
Јосип Векиќ
Давид Савревски
Ловро Јотиќ
Марко Мишевски

По откажувањето на настапот на турнирот во Кањижа, останува да се игра на турнирот во Струга. Се разговара за одигрување на уште неколку конtролни средби, со цел да се биде темпирана формата за 29 август кога во Скопје би требало да гостува Нексе Нашице. Победникот од овој дуел треба да настапи на завршниот турнир на СЕХА лигата во Задар, планиран за почетокот на септември.